Изгаснат пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир, се утврдуваат причините
Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места. Нема повредени лица, иако дел од гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.
- Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран дел од летната тераса е зафатен не е дозволено пожарот да се префрли на собите, има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се префрли на хотелот, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.
Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.
Во близина на комплексот се наоѓа женскиот манастир кој не бил зафатен од пожарот.
Екипи на ТППЕ Берово дежураа на местото на избувнатиот пожар и во текот на ноќта.
Повеќе детали околу причините за избувнувањето на пожарот се најавени за денеска.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница