-->
-->
Изгаснат пожар во кривопаланечкото село Трнци
-->

Екипа на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка вчера попладне интервенирале по дојава за запалена сува трева во селото Трнци.
- Ветерот кој дуваше вчера попладне предизвикал спој на електрични кабли и искрење на истите, поради што се запалила сува трева. По дојавата во нашата служба екипа од едно возило и два пожарникара излезе на терен и за само петнаесетина минути успеа да го локализира, а брзо потоа и да го ликвидира пожарот, иннформира Иле Коцевски, Командир на ТППЕ, Крива Паланка.
Коцевски потенцира дека ова не е прв случај да настане пожар од спој на жици за електрично напојување, а овојпат тоа се случило од блискиот далновод.
- Во пожарот изгорела околу 200 метри квадратни сува трева, а материјалната штета е минимална. Пожарот настанал на земјиште во сопственост на Република Макеоднија, додава Коцевски.
Ова е петти пожар во јули во кој е опожарена сува трева, а вкупно десетти во изминатиот месец на кој инетервенирале екипите на ТППЕ од Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
