Изгаснат пожар на запалена куќа во каменичкото село с.Косевица | ФОТО

Во каменичкото село Косевица изгаснат е пожарот кој опожари објект за домување. Пожарот бил регистриран утринава, по што екипа на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица интервенирала со своја екипа.
- По појава на пожар во утринските часови во 07:20 часот во с. Косевица интервенирано е со две противпожарни возила и тројца пожарникари. Интервенцијата беше на запалена куќа во разгорена фаза. Пожарот е изгасен и не е дозволено негово проширување, информираше командирот на единицата Малин Трајчевски.

Во опожарениот објект увид извршиле надлежните инспекциски служби, а целосната интервенција е завршена во 12:15 часот.
Ова е втор пожар за два дена во каменичкиот регион. Во вчерашниот пожар ТППЕ од Македонска Каменица интервенираше на опожарена површина од околу четири хектари во селото Саса.
Причината за денешниот пожар во кој е причинета материјална штета, сè уште се утврдува, додека вчерашниот пожар е утврдено дека настанал поради ненамерна човечка грешка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
-

За Филипче власта ретерира од забраната за двојно државјанство
