Изгаснат големиот шумски пожар на Кипар
Изгаснат е пожарот што последните пет дена гореше на планината Тродос во северозападниот дел на Кипар, соопшти денеска кипарскиот министер за земјоделство Никос Кујалис.
Тој нагласи дека сепак и покрај тоа што е изгаснат огнот, противпожарните возила и авиони продолжуваат интензивно да го надгледуваат регионот.
Во пожарот изгореа над 15 километри квадратни 150 години стара борова шума, а во справувањето со огнената стихија загинаа двајца пожарникари.
Кујалис наведе дека на располагање на кипарските власти се и авионите за гаснење пожар од други земји, со исклучок на израелското летало кое се вратило во својата база. Во гаснењето на пожарот, што избувна во неделата, учествуваат 20 „Канадери“ од Кипар, Франција, Грција, Италија, Израел и Велика Британија.
Ново на Сител
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица