Издадените дозволи за движење продолжуваат да важат, процедурата за нови останува иста

Веќе издадените „трајни“ дозволи за движење на одредени категории граѓани продолжуваат да важат и за време на овој карантински викенд, од 5-ти до 7 јуни. Исти остануваат и процедурите за добивање дозвола, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
Со дозволите што ги издава Министерството се опфатени претставници на институции со одлука на владиниот Кризен штаб, дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен, вработени во мали пекари/бурекџилници (најмногу до 5 вработени со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие), дежурни вработени во погребални претпријатија, одредени категории земјоделци, регистрирани одгледувачи на животни во Кинолошки сојуз, како и ловочувари во регистрирани здруженија, јавни претпријатија и национални паркови.
Сите дозволи што ги обезбедува МИОА се достапни преку порталот „uslugi.gov.mk“.
-Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурегџилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/
МИОА, како што посочува, не дава дозволи за движење на приватни фирми.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
