Издадени нови 1.027 потврди за барање азил

Во текот на вчерашниот ден на 1.027 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил. Од нив, 378 се од машки пол, 240 од женски пол, како и 402 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и седум деца кои патувале без родител, соопшти МВР.
Според државјанството, најмногу потврди се издадени на државјани на Сирија - 525, на државјани на Авганистан - 323 и на државјани на Ирак - 179.
Од 1 јануари до вчера издадени се потврди на 80.176 странски државјани, од кои 32.014 се од машки пол, 17.363 се од женски и 30.631 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 168 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 38.752, Авганистан - 25.222 и Ирак - 16.199.
Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од 1 јануари до вчера до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Ново на Сител
-

Заврши 40. јубилејно издание на „Макфест“, на Стојан Троицки основачот на фестивалот му беше врачено признание „За животно дело“
-

Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела
-

Една недела дена пред вториот круг од локалните избори
-

Мацут за „Политика“: Европската иднина на Србија не е само политичка цел, туку и гаранција за подобар живот за граѓаните
-

Рубио вели дека САД разгледуваат опции за распоредување меѓународни сили во Газа
-

Трамп не сака средба со Путин се додека не биде сигурен за постигнување договор за мир во Украина
-

Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
