Издадени 326 одобренија за градење во октомври
Во октомври годинава се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3 проценти повеќе во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.050.934.000 денари што е за 52,9 проценти повеќе во однос на октомври минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 187 (57,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 45 (13,8 проценти) од нискоградба и 94 (28,8 проценти) за објекти за реконструкција.
Од 326-те објекти, на 202 (62 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 124 (38 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 869 станови, со вкупна корисна површина од 69.474 метри квадратни.
Ново на Сител
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи
-
Ново задолжување од 35 милиони евра