Издаден налог за апсење на поранешниот претседател на Еквадор
- Еквадорските власти издадоа налог за апсење на поранешниот претседател Рафаел Кореа, кој живее во Белгија, поради организиран обид за киднапирање на политички противник во 2012 година.
Судот синоќа соопшти дека ја известил Меѓународната криминалистичка полиција (Интерпол) оти е издаден меѓународен налог за апсење на поранешниот претседател кој беше на власт од 2007 до 2017 година.
Кореа се товари за злосторничко здружување и обид за киднапирање на поранешниот пратеник Фернанд Балде. Тој тврди дека во 2012 година во Богота пет лица по налог на Кореа го натерале да влезе во едно возило, но беше ослободен по интервенцијата на колумбиската полиција.
Поранешниот социјалистички претседател се пресели во Белгија во 2017 година откако замина од претседателската функција
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР