Избркан гостин во ресторан во Лос Анџелес влегол со питон долг четири метри

Еден маж бил исфрлен од јапонски ресторан во Лос Анџелес затоа што на госите сакал да им покаже мала змија, но потоа налутен се вратил и со себе носел питон долг четири метри.
По ручекот, во средина на салата тој извадил мала змија, заради што гостите и вработените почнале да негодуваат и го замолиле да го напушти ресторанот, што тој и го сторил. Но, малку подоцна тој се вратил во ресторанот и се појавил со змија долга четири метри, изјави потпаролот на полицијата на Лос Анџелес, (ЛАПД) .
Локалните телевизиски мрежи изјавија дека станува збор за питон, покажувајќи ја снимката на белиот рептил во рацете на сопственикот, кој на децата им дозволил да го милуваат, покрај ужаснатите погледи и викотници на престрашените гости.
Полицијата, пожарникарите и службата за фаќање диви животни биле повикани на помош да го фатат питонот, кој се сокрил зад благајната.
-Осомничениот е уапсен за загрозување на човечките животи и одредена му е казна од 50.000 долари, истакна потпаролот.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) - пример за регионална одбранбена соработка врз споделени вредности
-

Мицкоски: Имаме убедливо најниска цена на горивото, остануваме посветени на таа политика
-

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“
-

Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк
-

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе ја унапредува физичката подготвеност на војниците
-

Мицкоски за Изборниот законик: Не сум оптимист, затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата
-

Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
-

Поранешниот директор на СОЗР со владин авион и службена картичка патувал и плаќал за приватни потреби
