Избрани членови на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците
Собранието на Република Македонија на попладневното продолжение на осмата седница усвои одлука за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.
За членови на Комитетот од редот на пратениците Македонци се избрани Жаклина Лазаревска, Никица Корубин, Коста Јаневски, Славица Шуманска Митева, Антонијо Милошоски, Горан Манојлоски, Дафина Јовановска Стојаноска. Членови од редот на пратениците Албанци се Реџаил Исмаили, Џевет Адеми, Артан Груби, Шпреса Хадри, Зиадин Села, Фадил Зендели и Зеќирија Ибрахими. Пратениците Турци ќе ги застапува Јусуф Хасани, Власите Сашко Костов, Ромите Курто Дудуш, Србите Иван Стоиљковиќ, а Бошњаците Зеќир Рамчиловиќ.
Собранието усвои и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, како и одлуки за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), на делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ). Со одлука на Собранието е утврден и составот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), како и составот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ). Избрани се и шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС Медитеранот), составот на Делегацијата во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ)....
Избран е и составот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, а именувани се и претседател, потпретседател, членови и заменици - членови на Националниот совет за евроинтеграции.
Во тек е расправа за Предлог завршаната сметка на Буџетот за 2016 година.
Ново на Сител
-
Штипјанец возел со 3,02 промили алкохол во крвта и удрил во друго возило
-
Муцунски на состанокот во рамки на Берлинскиот процес
-
Во станот во Белград во кој загина Македонецот Мартин Сипковски имало 1.5 кг експлозив
-
Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и пратеник
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдени 300 грама марихуана и засадено стебло канабис
-
Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за дивите депонии во Вардариште
-
Кривична за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица