Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ

Парламентарните избори во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на претседателот Александар Вучиќ, неоспорниот националистички лидер кој владее со земјата 12 години, пишува британскиот весник „Фајненшeл тајмс“.
Лондонскиот весник оценува дека Вучиќ повикал на вонредни парламентарни избори во обид да го продолжи своето владеење – со цел да си го отвори патот да стане премиер пред да му истече претседателскиот мандат напролет.
Српскиот лидер се соочи со широки протести поради корупција и авторитарни тенденции, а од студентското движење се појавила силна опозициска група која би можела да го симне од тронот, потсетува „Фајненшeл тајмс“.
Студентите прво артикулирале општи барања како што се одговорност на носителите на јавни функции и ефикасен владин надзор, но подоцна се фокусираa на Вучиќ, кого опозицијата го смета за автократ и корумпиран. Тие бараa предвремени избори и отстранување на Вучиќ од јавниот живот, се вели во текстот.
Весникот објавува дел од вчерашното соопштение на Студентите во блокада, а како главни елементи на програмата „Студентскaта листа“, тие ги споменаа реформата на судството и обвинителството, мерките против корупцијата, вклучувајќи проверки на владини функционери, конфискација на нелегално стекнат имот и нови гаранции за слободата на медиумите.
Како важни делови од програмата, тие споменаа и поголема поддршка за образованието, заштитата на работниците и потрошувачите, прифатлива и достапна здравствена заштита, поддршка за земјоделството и прифатливите станови, додава британскиот весник.
Иако функцијата претседател е церемонијална според Уставот на Србија, Вучиќ ги контролира државните институции како најмоќен човек на владејачката Српска напредна партија, а неговиот посакуван премин на функцијата премиер многумина го споредуваат со сличниот потег на рускиот претседател Владимир Путин во 2008 година, според ФТ.
Весникот посочува дека протестите, кои траат речиси две години низ целата земја и привлекоа стотици илјади луѓе, ја потресоа контролата на Српската напредна партија врз српската политика.
Анкетите на јавното мислење, како што е наведено, не се сметаат за целосно веродостојни во Србија, но неодамнешното истражување на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) со седиште во Белград покажа дека студентското движење, меѓу одлучените гласачи, има предност од околу девет проценти во однос на Српската напредна партија.
Традиционалната опозиција е во хаотична состојба, а повеќето од овие партии се под прагот од три проценти.
Србија е под притисок и на меѓународно ниво, истакнува ФТ. Односите со Западот се влошија бидејќи Вучиќ се смета за некој што го поткопува владеењето на правото и негува блиски врски со Русија и Кина, а истовремено го одржува жив агресивниот српски национализам.
Белград предизвика огромно меѓународно негодување оваа недела бидејќи осудениот воен злосторник Ратко Младиќ беше погребан со помпезност, карактеристично за националните херои, објавува ФТ, додавајќи дека синот на Вучиќ, Данило, и неколку членови на владата беа на погребот.
МИА
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
