Изборите ќе ги следат 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи
Локалните избори во Македонија ќе ги следат 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи, како и шест странски новинари, акредитирани од ДИК.
Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ - 2.843 потоа Здружението на граѓани ЗХА „Синергија“ - Штип 1.829, Цивил - Центар за слобода 191, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид - Скопје 125, Центарот за разбирање и институционална соработка Скопје - ЦРИС Скопје 17 и Македонскиот центар за култура и развој шест набљудувачи.
Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 198, потоа Амбасадата на САД во Македонија 33, Делегацијата на ЕУ 23, Меѓународниот студиски центар за избори (IESC) 18...
Набљудувачи имаат акредитирано и Канцеларијата на НАТО во Скопје и амбасадите на Руската Федерација, Албанија, Австрија, Франција Велика Британија, Шведска, Унгарија, Кралството Холандија, Италија и Словачка во Македонија.
Во ДИК се акредитирани и 294 преведувачи.
Ново на Сител
-
Во Македонија нема доволно пречистителни станици за отпадни води
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола