Избори за ректор на УКИМ – ќе се гласа за кандидатите Биљана Ангелова и Дарко Данев

Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ - Биљана Ангелова и Дарко Данев.
Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември 2026 - 15 септември 2029.
Проф. д-р Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат за ректор, е кадар од Економскиот институт, а проф. д-р Дарко Данев е редовен професор и поранешен декан на Машинскиот факултет на УКИМ.
На веб-страницата на УКИМ минатиот вторник беа објавени програмите за работа на двајцата кандидати за ректор и нивните биографски и библиографски податоци.
Право на глас имаат членовите на единиците (факултети и институти) на УКИМ, кои се запишани во Единствениот избирачки список, што го утврди и објави Универзитетската изборна комисија (УИК).
Пред денешното гласање, според роковникот на активности, изборните комисии на единиците на УКИМ вчера (ден пред изборите) го подигнаа изборниот материјал од УИК.
Резултатите од тајното гласање треба да бидат објавени денеска до вечер, а потоа ќе следува тридневниот рок за приговори по резултатите - од 29 април до 5 мај.
Според временската рамка, предвидени се и термини за евентуално прегласување, заедно со рок за приговори и нивно разгледување, а на 14 мај ќе бидат објавени конечните резултати од изборот на ректор на УКИМ.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Советот на Европа: Македонските затвори умерено пренатрупани, земјата меѓу водечките по должина на изречените казни
-

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
-

17-годишно девојче физички нападната и психички малтретирана од соученик
-

Приведен велешанец кој извршил тешка кражба од базна станица на телекомуникациски оператор
-

Малолетник се заканувал со пиштол на 18-годишник по расправија во с.Оризари
-

На одбележувањето на 150 годишнината на Разловечкото востание најавена граѓанска иницијатива за прогласување на Разловци за заштитена историска целина
