-->
-->
Изаири на министерски состанок во Луксембург
-->

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска и утре ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за животна средина на ЕУ во Луксембург.
На состанокот се поканети ресорните министри од земјите членки на Европската агенција за животна средина и Европската асоцијација за слободна трговија, министрите од државите кандидати за членки на ЕУ, комесарите Мигел Ариес Канете и Кармену Вела, како и претседателот на Европскиот парламентарен комитет за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната, Џовани Ла Виа, претставници од Европското биро за животна средина и други меѓународни институции.
Изаири учествува на состанокот на покана на министерот за животна средина на Луксембург Карол Дишбург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
