ИВЗ го доби новиот поглавар
Стапи на функција новиот поглавар на Исламската верска заедница во Македонија. Реис Ул Улема Шакир Фетаи од денеска е прв човек на ИВЗ, а го наследува Сулејман Реџепи кој речиси 30 години беше исламски верски поглавар во земјава. Во своето обраќање пред седиштето на ИВЗ, новиот реис истакна дека Исламската верска заедница одиграла важна улога во образувањето на младата генерација, што е важно за обезбедувањето на мирот и стабилноста на ова поднебје. Претходниот поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи вчера се огласи во јавност со соопштение, во кое се повлекува од фукцијата и вели дека е подготвен да одговара пред Бога и пред законот, ако некој смета дека направил пропусти.
Реџепи во писмото пишува дека врз него изминативе денови се водела жестока и навредлива кампања, на која тој не реагирал, затоа што сметал дека секој имал право да го каже своето мислење и став.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР