Иванов: Вратата на кабинетот е отворена за СДСМ и ДУИ

Апел до лидерите на СДСМ и ДУИ за соработка и комуникација во моменти кога државата е соочена со предизвици упати денеска од Гевгелија претседателот на државата Ѓорге Иванов одговарајќи на новинарско прашање дали неговата вчерашна изјава истовремено подразбира и подадена рака кон СДСМ и ДУИ.
Претседателот истакна дека вратите на претседателскиот кабинет се секогаш отворени за соработка и оти како и досега тој лично е подготвен да учествува во справувањето со сите предизвици.
- Го знаете ставот на СДСМ и ДУИ, но и покрај сето она што ни се случува повторно упатувам апел до нив дека сега во овие моменти ни е потребна кооперативност, ни е потребна комуникација, потребно е како држава да се соочиме со предизвиците што ни претстојат, истакна Иванов по посетата на јужната гранична линија на Македонија.
Тој нагласи оти се надева дека сите ќе извлечат поука од сето она што досега се случуваше, а тоа е дека отсуството на дијалог и непочитување на институциите е главната причина што на секои две години ни се случуваат кризи.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
