Иванов во Рим на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“
Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска во Рим, ја посети базиликата „Свети Климент", каде што положи венец на гробот на Св. Кирил.
Македонскиот претседател ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што во 2015 година на негова иницијата во знак на благодарност од името на целиот македонски народ, беше поставена спомен плоча на македонски јазик во чест на словенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј. Иванов ја посети и базиликата „Сан Паоло", каде што положи цвеќе на гробот на апостолот Св. Павле.
Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, вечерва во театарот Гионе во Рим, шефот на државата ќе присуствува на концерт на македонската етно група „Баклава", на кој ќе биде претставена македонската изворна музичка традиција.
Утре, претседателот Иванов ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк
-
МАТТО го реконструира основното училиште со ресурсниот центар „Иднина“
-
Две години условна казна затвор за онкологот Пешевска која призна вина
-
Седумгодишно девојче од Челопек почина во тетовската болница
-
Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
-
„Амбикон“ го објави извештајот за загадувањето на воздухот во Трубарево: Податоците се неспоредливи со претходни параметри
-
Децата од четири училишта во Гази Баба се вратија во училници