Иванов во посета на припадниците на АРМ на јужната граница
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, во придружба на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ), генерал-потполковник Методија Величковски денеска ќе ги посети припадниците на АРМ ангажирани на јужната граница.
За време на посетата, Иванов ќе се запознае со актуелната ситуација во обезбедувањето на државната граница и тактичките мерки и процедури кои ги спроведува АРМ согласно доделените задачи во спречување на нелегални минувања на јужната граница.
Во рамки на активноста ќе се реализира и посета на еден од сместувачките капацитети на припадниците на АРМ во Богданци, каде на Врховниот командант ќе му биде презентирана моменталната безбедносна состојба на јужната граница во реонот на одговорност на силите на АРМ, а посетата ќе заврши со заеднички ручек со припадниците на АРМ.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари