Иванов во Истанбул: Кризата во Европа е и можност за нови решенија
Ова е време кога целиот свет се трансформира. Европа и Азија никогаш не биле подобро инфраструктурно, економски, енергетски поврзани. Но, истовремено, Европа и Азија никогаш не биле толку културно и цивилизациски отуѓени, со пораст на ксенофобијата и стравот од различноста, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов на свеченото отворање на јубилејниот 20. Евроазискиот економски форум, што се одржува денеска и утре во Истанбул.
На Евроазискиот економски форум кој традиционално се одржува секоја година во Истанбул учествуваат актуелни и поранешни државници, претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави.
Последните неколку самити беа посветени на темите како мигрантската криза и тероризмот. Годинава Евроазискиот економски форум се одржува на тема „Човештвото на крстосница“, а меѓу темите на дискусија ќе бидат и предизвиците со кои се соочува Европската Унија.
Во овој контекст, на свеченото отворање на форумот, претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, порача дека Европа останува да биде суперсила на животниот стил. - И, иако оваа суперсила сега е во криза, не смее да се заборави дека кризата е и можност за нови решенија, истакна Иванов во обраќањето.
Во поздравниот говор Иванов го потенцираше значењето на овој форум. - Со своите теми, дебати и идеи, форумот влијае на политиките на државите бидејќи ги отвора перспективите и ги трасира патиштата за соработка меѓу државите и економиите од Европа и од Азија, порача македонскиот претседател.
Претседателот Иванов утре ќе се обрати на претседателската сесија на форумот.
Организатор на Евроазискиот економски форум е Мармара фондацијата, група за економски и општествени истражувања која има за цел унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана