Иванов упати телеграма со сочувство до германскиот претседател за смртта на Хелмут Кол
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер по повод смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.
- Хелмут Кол беше импозантна фигура во германската, европската и светската историја. Како голем државник и брилијантен политичар, канцеларот Кол ја препозна историската одговорност и покажа вистинско лидерство и непоколебливи напори и заложби во обединувањето на Германија. Политичкото наследство на творецот на модерна Германија и промоторот на единствена Европа ќе остане длабоко врежано во меморијата на германската и европската историја и ќе продолжи да биде инспирација за новите генерации на политичари во Европа и светот, се вели во телеграмата.
Република Македонија и нејзините граѓани, пишува Иванов во телеграмата, високо го ценеа и почитуваа канцеларот Кол и неизмерно остануваме благодарни за неговата улога во процесот на осамостојувањето и меѓународно етаблирање на нашата држава, на развојот на односите и меѓусебното почитување меѓу нашите пријателски држави и народи.
Ново на Сител
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен