Иванов: Сребреница е опомена за севкупната човекова цивилизација

Сребреница е опомена за сите нас, но и за севкупната човекова цивилизација, на што се се подготвени оние што се полни со омраза и нетрпеливост, изјави претседателот Ѓорге Иванов, кој денеска присуствуваше комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница, Босна и Херцеговина.
Од меморијалниот центар „Поточари“ претседателот Иванов побара на Република Македонија и на земјите од регионот да им се овозможи европска перспектива, со цел мир и стабилност.
- Ова е можност за порака и до сите одговорни во Европската унија што значи кога на еден народ, на една држава, и ја ускратувате нејзината иднина. Неопходно е сите членки на унијата од нашиот регион да бидат солидарни и на сите ние што не сме дел од Европската унија да им ја овозможат европската перспектива, пред се за идните поколенија да живеат во мир и слога. Видовме омразата и нетрпеливоста до што води. Тоа е и пораката до секој од нас – да се праша што правиме ние за да се спречуваат вакви злостортва, кои веќе гледаме дека ги има и во други делови од светот, изјави претседателот Иванов.
Македонскиот претседател денеска присуствуваше на главната комеморација во меморијалниот центар во Поточари, каде што се обратија претседателот на Словенија Борут Пахор, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, претседателот на организацискиот одбор „11 Јули 1995“ и градоначалник на Сребреница Ќамил Дураковиќ, како и други официјални претставници, а беше претставенa и изложбата „Сребреница – Поточари 1995 – 2015“.
На комеморацијата во Сребреница присуствуваа преку 90 делегации од целиот свет. Меѓу нив беа и претседателите на Хрватска, Словенија и Црна Гора, Колинда Грабар Ќитаровиќ, Борут Пахор и Филип Вујановиќ, премиерите на Србија и на Турција, Александар Вучиќ и Ахмет Давутоглу, американскиот помошник државен секретар, Викторија Нуланд, поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, како и голем број други делегации и политички претставници од светот.
Претседателот Иванов, пред 5 години, присуствуваше на одбележувањето на 15-годишнината од Сребреница.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
