Иванов: Република Македонија ќе продолжи да се залага за унапредување на правата на ромската заедница
Република Македонија во европски рамки е лидер во почитување на правата на Ромите како рамноправна заедница со сите други заедници согласно нивните уставно загарантирани права, беше истакнато на денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов со претставници на политичките партии на Ромите во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 април.
Заеднички е и заклучокот, како што соопшти Кабинетот на Иванов, дека е неопходно интензивирање на активностите од приоритетните области кои се дел од Националните акциони планови 2016 - 2020, со цел поефикасно имплементирање на заложбите за рамноправност, развој, интеграција и просперитет на ромската заедница во земјава.
- Овој дена ја афирмира потребата од поголема поддршка за ромската популација која активно работи на предизвиците со кои се соочува, рече Иванов на средбата и во овој контекст порача дека Македонија ќе продолжи да се залага за унапредување на правата на ромската заедница во македонското општество.
Претставниците на ромските политички партии истакнаа дека голема чест за нив претставува значењето кое претседателот Иванов го придава за правата на ромската заедница во Македонија и порачаа дека Ромите како интегрален дел од македонското општество ќе продолжат активно да партиципираат преку своите партии во политичкиот живот за натамошно унапредување на позицијата на Ромите на централно и на локално ниво.
Ново на Сител
-
Поставена биста на Димитар Влахов пред седиштето на СПМ
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина
-
Гасификација, електрични автобуси, делење на возило се опциите за справување со загадениот воздух во Скопје
-
ССК задоволни од условите за кредитите од унгарскиот заем
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј