Иванов побара поголем буџет за АРМ
Претставувањето, безбедноста и одбраната на државата не се луксуз, туку потреба. Буџетот за претставување на државата не е трошење туку инвестирање во нови пријателства и партнерства за Македонија. Буџетот за безбедноста и одбраната не е трошење туку инвестирање во услови за нормално функционирање на државата, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во своето Илинденско обраќање.
- Разузнавањето е првата линија на одбраната, а столбот на одбраната е Армијата на Република Македонија. Армијата не само што си ја исполнува уставната обврска да го штити територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, туку честопати ги извршува и задачите на други институции. Оперативната средина се менува. Се почесто ќе се справуваме со непогоди и неконвенционални закани. Затоа Армијата треба да биде подготвена, а за тоа и е потребен зголемен буџет, истакна шефот на државата.
Претседателот изјави дека ги поддржува системските реформи на субјектите на системот за национална безбедност, и посочи тие да бидат во согласност со уставните надлежности на Советот за безбедност на Република Македонија.
Иванов рече дека врвен приоритет на секоја Влада треба да биде успешна економска политика, со цел да придонесе кон економски просперитет за македонските граѓани.
Ново на Сител
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати