Македонија
22. March 2016 - 16:38

Иванов: не треба да бидеме наивни, во Македонија има 72 терористи повратници од боиштата во Сирија

Граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи државните безбедносни служби проактивно и навремено спречуваат било какви можни инцидентити поврзани со бегалската криза. Претседателот Иванов по посетата во агенцијата за разузнавање увери дека Македонија поуспешно се справува со мигрантскиот наплив  дури и од земјите од ЕУ.  Нашата држава се справува  со истите ризици како и околните држави и членки на унијата, но нашите институции и покрај се со овој стрес тест се справиле како што доликува.  За последните  бомбашки  напади во Брисел, Иванов вели дека  на крајот ќе излезе оти и тие како и оние вклучени во нападите во Париз биле  дел ја користеле балканската рута. Апелира да не се робува на бирократски процедури туку да се зголеми нивото на размена на информации на меѓународно ниво.

Важно е и натаму да се има предвид дека сме најфреквентната рута не само за бегалците туку и за повратниците од боиштата на блискиот исток. Македонија многупати до сега укажувала на безбедносниот аспект на кој треба да се внимава покрај хуманиот пристап кон мигрантите. Токму затоа уште лани  во октомври се барало пристап до базите на податоци на ФРОНТЕКС и  Шенгеј. Мора да се соработува и да се биде чекор пред сите закани кои постојат .

- Да не бидеме наивни. Само во Македонија имаме 72 повратници, од лица кои учествувале на боиштата, отишле како екстремисти, се вратиле како терористи. Шеесет отсто односно преку 1000 лица од Балканот учествувале во Сирија и се вратени, а илјадници односно до три илјади има повратници на територија на ЕУ. Тие ги користеле овие рути на бегалците, меѓу нив се вратиле и еве сега што се случува.  Службите мора да соработуваат и на безбедносен план да се разменуваат информациите. Да не робуваме на бирократски процедури, не сме биле во ЕУ, не сме имале право на пристап до базите. Ние тоа го нудиме за безбедноста на континентот и на другите земји во ЕУ, кои и во иднина ќе се соочуваат со терористички напади и закани. Но, не само во Еворпа, ова е планетарен феномен, порача македонскиот претседател Иванов.Сите оние кои не и мислат добро на севкупната човекова цивилизација, ги користат сите придобивки на 21 век и многу се поиновативни и покреативни од државите и службите, кои по инерција, подвлече, како да се останати во 20 век.

Запрашан за договорот склучен меѓу ЕУ и Турција што значи за Македонија, Иванов  одговори дека Македонија успешно ја одиграла улогата на транзит земја. Со исклучок на граѓаните во Гевгелија и Куманово, останатите не почувствувале дека до сега низ државата минале 1 милион бегалци.