Иванов: На овој Велигден ги повикувам сите луѓе да се вклучат во духовна обнова на Македонија
Претседателот Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во земјава.
Ова, како што стои во честитката, е и негова последна велигденска честитка за време на неговиот мандат како претседател на државата.
-Преку Господ Исус Христос, Бог се стави на наше место. Со својата физичка смрт на крстот, Тој нè помири со себе и нè ослободи од последиците на нашите гревови и промашувања. Со своето физичко воскресение од гробот, Тој ја воскресна надежта кај луѓето за подобар свет и подобра иднина, стои во честитката.
Во неа се додава дека не постои појасна порака за Божјата љубов и милост кон луѓето од Велигден. – Речиси два милениума оваа порака им помагала на христијаните во Македонија да ги издржат и најстрашните прогонства, да им одолеат и на најсилните искушенија и да ги пребродат и најголемите премрежија. Велигденската порака создаде духовно променети луѓе кои го менувале духот на нашето општество и преку простување, солидарност и почитување се вклучувале во она што Св. Климент Охридски го нарекува престигнување во добрина.
Овој Велигден, како што се наведува во честитката, за нас е посебен, бидејќи го празнуваме во пресрет на посетата на поглаварот на Католичката црква, папата Франциск. Длабоко верувам дека оваа посета е важен поттик за духовна обнова на Македонија, македонскиот народ и македонските граѓани, се наведува во честитката.
-Во оваа пригода и на овој Велигден сакам да ги повикам сите луѓе со чисти срца и со добра волја, независно од тоа дали припаѓаат на православната, католичката или протестантската гранка на христијанството или, пак, на сосема различна верска традиција или светоглед, да се вклучат во духовната обнова на Македонија. Ова е поттик да се вклучиме во изградба на хумано, праведно и слободно македонско мултиетничко и мултирелигиско општество втемелено врз трајните етички и морални вредности, се наведува во честитката.
Честитајќи го најголемиот празник, Велигден, претседателот на верниците им посакува празничните денови да ги поминат во добро здравје, мир и спокој. Христос воскресна!, Навистина воскресна!, стои во честиткат
Ново на Сител
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни