Иванов на одбележување на празникот Св. Атанасиј Велики во Тетово
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во црквата „Свети Атанасиј“ во Тетово присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики.
Иванов присуствуваше на светата божествена литургија во сослужение на свештеници од тетовското архиерејско намесништво на МПЦ-ОА, како и на церемонијата на осветување на празничниот колач.
Македонскиот претседател им го честиташе празникот на верниците и им посака здравје, радост и благосостојба.
Старешината на манастирот, прота Дарко Наумоски го истакна значење и потребата за продолжување на оваа црковно-народна традиција.
- Верниците масовно дојдоа и се уште доаѓаат да се поклонат пред светителот. Ја користиме оваа прилика во името на неговото високо преосветштенство митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф да го честитаме празникот на сите верници, на оние кои што го чествуваат како семејна слава вечна славата нека им е, на оние што го носат името на свети Атанасиј вечно името нека им е и да поскаме многу здравје, мир, слога, љубов и благосостојба во нивните благочестиви семејства. За многу години нека ни е рече, Наумовски.
Убавото време им овозможи на тетовци масовно како и секоја година да се соберат и да го прослават зимскиот празник посветен на овој православен светец. Во црквата секоја година има кумови кои ја подготвуваат празничната трпеза.
Народната веселба трае до доцна во денот без разлика на временските услови.
Освен на Балтепе празникот посветен на овој светец во тетовско се одбележува и во селата Седларце, Брвеница, Требош и Ратае каде исто така има цркви посветени на Свети Атанасиј.
Црквата „Св. Атанасиј" датира од 14 век и претставува еден од најстарите христијански црковни споменици во овој дел од државата.
Ново на Сител
-
Пронајдено 14-годишното девојче кое беше пријавено за исчезнато
-
Тошковски за случувањата со Арсовска: Ова што го гледа македонската јавност е циркус пред локални избори, да беше во првата година ќе беше за поздрав
-
Сиљановска Давкова: Извонреден е Договорот со Обединетото Кралство, не факторизира геополитички на Балканот
-
МВР со прекрошочна за нелегалниот приклучок на фекална канализација што го откри Арсовска
-
Штеки цигари сокриени во цевка за црево на цистерна на Богородица
-
Поминал со возило но не се заканувал, се расчистува случајот со заканите кон Арсовска
-
Тошковски: Прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати патната исправа на Јахоски, а не зошто МВР постапило согласно судска одлука
-
Кос: Бугарија и Северна Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање