Македонија
4. March 2016 - 8:33

Иванов на конференција на ОБСЕ во Рим

Претседателот на Република Македонија денеска ќе престојува во работна посета на Италијанската Република, каде ќе учествува на безбедносната конференција на ОБСЕ, што ќе се одржи во Рим.

Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, е еден од главните говорници на конференцијата, која е посветена на безбедносниот аспект при справување со мигрантската криза, инструментите за миграција и потребата од ревизија на безбедносниот пристап.