Македонија
31. July 2015 - 8:24

Иванов ќе ги прими акредитивите на амбасадорите на Албанија, БиХ и Литванија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска  ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Албанија, на Босна и Херцеговина и на Република Литванија.

Акредитивни писма на  вонредните и ополномоштени амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река,  на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ и на Република Литванија со седиште во Будимпешта Раса Каириене, претседателот Иванов ќе ги прими во Охрид во Вилата Билјана.