Иванов: Изборите се шанса да свртиме нова страница
По 25 години независност, во услови на блокирани европски и евроатлантски интеграции неопходно е Македонија да направи стратегиско свртување кон внатре, односно да ги реформира и унапреди институциите, истакна претседателот Ѓорѓе Иванов во своето обраќање на Свечената академија по повод “8 септември” - Денот на независноста.
Ако Европската унија нема волја да ги започне преговорите за членство и да ги отвори поглавјата за Македонија, тогаш ние самите треба да си ги отвориме 34-те поглавја, и самите да си ги исполниме критериумите за членство во Унијата.
Во својот говор Иванов се осврна и на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември, нагласувајќи дека по изборите новата влада, но и сите заедно ќе треба напорно да работиме на релаксирање, наместо заострување на односите во општеството.
Иванов рече дека треба да внимаваме што им оставаме во наследство на идните генерации, кои ќе живеат во свет со уште поголемо забрзување и динамика.
На крајот претседателот Ивнов испрати порака до македонскиот народ да се сплоти околу државните интереси на РМ, додека не е предоцна.
По обраќањето на Иванов следуваше концерт, на кој најпопуларните македонски револуционерни песни во придружба на оркестар, беа изведувани од познати пејачи на народна и на забавна музика.
Бранислав Јаневски
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза