Иванов им го честита празникот Пасха на припадниците на еврејската заедница во Македонија
Претседателот на државата Ѓорге Иванов по повод големиот еврејски празник Пасха упати честитка до претседателката на еврејската заедница во Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на еврејската заедница.
- Пасха го прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство и токму одбележувањето на овој голем празник во себе ја содржи пораката за слобода, правда и достоинство и симболизира ново раѓање и надеж. Еврејската заедница во земјава има особен придонес во градењето и во почитувањето на општествените вредности и верските различности. Таа е нераскинлив дел од македонскиот модел на соживот кој се базира на почит и заедништво и негување на различните традиции. Нека и оваа Пасха ни биде потсетник да не дозволиме никој да посегне по нашето заедништво, достоинство и слобода, вели Иванов во честитката.
Ново на Сител
-
Авион на „Ер Индија“ принудно слета на островот Пукет во Тајланд по закана за поставена бомба
-
Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!
-
Шефот на НАТО повикува на деескалација по израелскиот напад врз Иран
-
Франција повика на воздржаност по израелските напади врз Иран
-
Кремљ ја осуди острата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
-
Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ
-
Јорданската армија пресретна дронови и ракети во својот воздушен простор
-
Приведен возач од дебарско, возел со 2,69 промили алкохол во крвта