Иванов: Францускиот предлог е успех за Бугарија
Францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од Северна Македонија е успех за Бугарија. Отфрлањето на тоа е пропуштање можност за добар договор, изјави за БНР копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Иванов, Бугарија е на пат да ја пропушти можноста за добра зделка што ја направи француското претседателство. Најважниот параметар на овој договор, како што вели, е дека ќе има обврска од Европската комисија да следи дали Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во уставот на земјата како другите народи кои се основачи на републиката, а не како малцинство.
-И ако тоа не се случи, нема да има преговори за првото поглавје. Ова е успех за бугарската дипломатија и ова не е национално предавство, рече Христо Иванов.
Тој го критикуваше однесувањето на министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска. Надворешната политика на Бугарија ја одредува владата на државата. И од оваа гледна точка, според Христо Иванов, секој министер кој тврди дека можеби има некоја друга политика едноставно си поднесува оставка, како и обично. А тоа го направи кога беше министер за правда на Бугарија за време на третата влада на Бојко Борисов помеѓу 2015-2017 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на уставен за Медресата во Кондово