Иванов: Да се најде решение и грчкиот народ да почне да живее нормален живот
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот референдум во Грција на прес-конференција во Загреб рече дека очекува состојбата во Грција да се стабилизира, затоа што сите земји во регионот се меѓусебно поврзани и тие состојбите влијаат од една во друга земја.
- Посакуваме да се најде решение и конечно грчкиот народ да поче да живее нормален живот, истакна Иванов.
Народната банка на РМ, како што посочи, е подготвена и ги има сите можни сценарија како да се справи со предизвиците од последните случувања во Грција. - Веќе дел од тие мерки се преземени и не постои никаква опасност да бидат загрозени банките во Македонија, кои се заштитени, додаде тој.
Хрватската претседателка Колинда Грабер Китаровиќ се воздржа од какви било коментари за првите резултати од референдумот во Грција, и порача да се почекаат конечните резултати.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска