Ракомет
19. October 2016 - 13:07

Ивандија нов тренер на РК Загреб

Силвио Ивандија ќе го наследи Веселин Вујовиќ на тренерската позиција во ППД Загреб, објави порталот index.hr.
 
Ивандија е поранеш играч на овој клуб и некогашен помошник на Лино Червар, додека атуелниот македонски селектор и тренер на Мателург, беше шеф на стручниот штаб на Загреб.
 
Исто така, Ивандија бил селектор на кадетската репрезентација на Хрватска, а новата сезона ја започна како тренер на ракометарките на Локомотива.
 
Ивандија, во вторникот, заедно со клупското раководство ја гледал победата на Загреб над Татран 27:22, во СЕХА лигата.
 
Новиот тренер на Загреб дебито ќе го има в сабота, кога хрватскиот шампион ќе го пречека Вардар, во рамките на петтото коло во Б групата во Лигата на шампионите.
 
ППД Загреб, во досегашниот тек од ЛШ нема победа во четирите одиграни натпревари, додека во СЕХА конкуренцијата има пет победи и еден пораз.