Иван Огњановски, кој има трансплантирано срце: Повторно ќе го живеам животот со полни гради
Педесет и четиригодишниот Иван Огњановски на кого на 23 мај на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија му беше трансплантирано срце денеска беше на контролен преглед во таа јавна здравствена установа.
– Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е во добра здравствена состојба и е првиот пациент во земјава на кого му беше трансплантирано срце. Вели дека мора да продолжи да го живее животот, бидејќи животот е еден, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Огњановски изјави дека одлично се чувствува.
– Комплетно сум задоволен од целиот лекарски тим на Клиниката. Тие сега се и мои другари. Постојано се слушаме на телефон и ме прашуваат како сум. Еднаш неделно одам на контрола и примам терапија. Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!, истакна Огњановски.
Ново на Сител
-
Директор на „Колекторски систем“ во Охрид го оштетил претпријатието за скоро 3 милиони денари
-
На барање на Турција блокиран профилот на уапсениот градоначалник на Истанбул на мрежата Икс
-
Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“
-
Лазаров го одреди составот за мечот со Естонија
-
„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука
-
72-годишна жена почина во пожар во нејзиниот стан
-
Вреди: Таравари им ги украде мандатите на граѓаните кои гласаа против ДУИ
-
Нема нов папа ни по второто гласање на конклавата