Итната медицинска помош во Кавадарци со зголемен обем на работа

До четири пати повеќе прегледи од вообичаено регистрира Итната медицинска помош во Кавадарци. Началникот на Службата за итна медицинска помош доктор Антоан Паракеов денеска информираше дека најголем дел пациентите се со сезонски грип.
- Поради зголемениот обем на работа, а имајќи ги во предвид најавените ниски температури, Службата за итна помош при Здравствен дом Кавадарци за време на викенди и празници ќе работи со зајакнати медицински екипи, соопшти Паракеов.
Тој упати апел до граѓаните на максимална претпазливост при изложување на ниски температури, да излегуваат на отворено од 11 до 15 часот и да избегнуваат масовни собири во затворен простор.
- Хроничните болни, старите лица и бремените редовно да си ја земаат препишаната терапија, додаде Паракеов.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
