Итна помош во Велес од почетокот на годинава имала 314 интервенции на терен
Медицинската екипа на ИМП при ЈЗУ Здравствен дом Велес од почетокот на годинава до денеска имала 314 интервенции на терен. Во текот на изминатата 2020 година, медицинските екипа на ИМП од Велес имале 6777 интервенции од кои 5985 биле во Велес, а 792 во селата од поширокиот велешки регион.
Портпаролот д-р Василка Пановска Поп Стефанова, началник на ИМП при ЈЗУ Здравствен дом Велес истакна дека спредено со 2019, оваа бројка е помалку за 530 интервенции кога имале -7307 интервенции, од кои 6446 во град и 861 во селата во поширокиот велешки регион.
Од март до декември 2020 година, екипата на ИМП имала и 465 домашни интервенции за Ковид пациенти.
– Таа посочи дека март до декември 2020 во време на пандемија на Ковид -19 имале 5593 интервенции на терен што е помалку за 592 интервенции од истиот период март декември 2019- кога имале 6185 интервенции, посочи д-р Пановска Поп Стефанова.
Во 2020 година тие имале вкупно 13 574 прегледи во амбуланта, од кои 9 652 од град и 3 922 од село, што е помалку за дури 7 425 прегледи од 2019 кога имало вкупно 20 999 прегледи во амбуланта од кои 15 131 од град и 5 868 од село.
Инаку, во 2020 екипата ИМП Велес имала 136 интервенции на терен при сообраќајни несреќи што е за 14 повеќе интервенции споредено со 2019 година кога имала 122 интервенции на терен.
Како што информира д-р Пановска Поп Стефанова, Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес располага со 11 доктори,18 медицински сестри и 12 возачи. Дополнителен тим за рурален терен го сочинуваат доктор,медицинска сестра и возач.
Ново на Сител
-
Барак и Мишел Обама се вклучија во кампањата на Камала Харис за избор за претседател на САД
-
Четворица работници повредени во ескплозија во погонот за артилерија во фабриката Слобода во Чачак
-
По повод 20-годишнината, НЕОТЕЛ воведува нов пакет за деловни корисници со брзина до 500 Mbps
-
Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава
-
Сведок во судењето за убиството и Вања и Панче: Запалениот цитроен „цитроен“ не донесе до пик-ап возилото и партијата „Десна“
-
Викендов променливо облачно време, од недела минусни температури
-
Ден на жалост во Велес, двајцата повредени во сообраќајката и натаму во критична состојба
-
Мицкоски најави нови германски инвестиции, очекува растот на БДП да надмине три отсто