Македонија
18. October 2024 - 16:33

Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“

Таткото на убиената Вања кој седи на обвинителната клупа испратил порака во вибер група со родителите, кажете само колку пари треба? Ова денеска во судницата го откри полицискиот началник Дејан Димовски кој бил вклучен во потрагата по 14 годишното девојче. Пораката, ја виделе малкумина родители, Александар експресно ја избришал.

„Пратил порака во вибер група на родители, ја згрешил групата, па ја избришал. Но дел од родителите ја виделе. Пишувало: ,,Кажете само колку пари треба?, го проверивме разговорот, имаше избришана порака но не можење да се пристапи до содржината“, сведочеше Дејан Димовски, Началник на Единциа за насилен криминал во СВР Скопје.

При пребарување на снимки од камерите, на денот на исчезнувањето на Вања, нејзиниот татко со кола бил виден како се движи кон Качанички пат, кој всушност води кон местото на убиството. Камерите го детектирале по неполни два часа од исчезнувањето на девојчето.

::Кога го прашавме зошто возел по тој пат ни рече дека од филмови што гледал, најчесто грабнатите ги носат преку граница, па затоа тргнал. Но кога му реков па што не отиде до граница, рече дека било многу гужва и се вратил, сведочеше началникот.

Тој, објасни дека во еден момент таткото на вања изјавил дека можеби во случајот има поврзаност и повозрасно лице од Охрид или како што сведочеше полицискиот началник, лице од Велес.  Одбраната се противи на тавките исказите. Смета дека началниците не постапуивале законски.

Следењето на снимките, истрагата ја однеле во просторитите на партијата Десна.

Се изненадиле кога обвинетиот Влатко Кешишов, едне час по полноќ ги пречекал во канцеларијта со прашање, каде сте досега, ве чекавме. Во просторите на партијата бил повикан и адвокатот за кој подоцна се покажа дека Љупчо палевски го однел во Белград. Тој и вечертва пред полицијата изјавил дека Палчо го однел на лекување.

При Распитот на Боре и Велибор бил посочен Александар како вмешан во случајот.. Според сведоштвото на полицискиот началник, ноќта пред грабнувањето на Вања, обвинетите спиеле во седиштетот на партијата.. Кешишев ги однел до местото каде била ликвидарана  Вања. Била пронајдена со врзани раце и нозе, а на устата имала фластер.

Во судницата, прашања за инспекторот имаше и обвинетиот Палевски. Прашуваше дали имале сомнеж дека е во бегство, организатор и дали некој од роднините добил барање за поткуп. На сите прашања полицискиот началник одговори со НЕ, ист одговоро имаше и за прашањето дали пронашле комуникација меѓу Палчо и таткото на Вања.

Исказ пред судот имаше и чичкото на мајката на вања кој ја барал неговата внука.. рече дека при првата средба, Алескандар му рекол, ако е утепана Вања, ќе се утепам и Јас.