-->
-->
Итен состанок на израелските власти по убиството на иранскиот генерал Сулејмани
-->
Израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет утрово закажа итен состанок со воената команда и началниците за разузнавање за да разговара за безбедносните прашања по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американски воздушен напад во Ирак. Тоа го објавија израелски медиуми.
На состанокот ќе учествува и Авив Кохави, шеф на израелскиот Генералштаб на армијата.
Медиумите јавуваат дека во контекст на неодамнешните настани во регионот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира да ја скрати посетата на Грција и да се врати во својата татковина. Во меѓувреме, израелската армија одлучи да ја затвори за туристи планината Хермон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции