Италијанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО

Италијанскиот Сенат го ратификуваше денеска Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
Протоколот помина во Долниот дом на Парламентот, но ратификацијата во Сенатот се оддолжи поради политичката криза, која се реши со формирањето нова Влада на Италија.
Благодарност за ратификацијата изрази министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук-профил.
-Благодарам Италија! Уште една ратификација на НАТО Протоколот, напиша Шекеринска во статусот.

Со Италија 23 земји досега го ратификуваа Протоколот за пристапување на земјата во НАТО.
Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.
Но засега неизвесно е дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.
Шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера во интервју за МИА во однос на ратификацијата на Протоколот пред самитот на Алијансата изјави дека нема конкретен одговор, но, сепак, остава можност тоа да се случи. Според него, извонреден успех за земјата е што само за девет месеци документот го ратификуваа 22 од 29 членки на НАТО. Интервјуто Сера го даде пред ратификацијата на Италија.
Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и Велика Британија, Холандија, Исланд. Според праксата досега вообичаено Сенатот на САД последен го ратификува, но поради ситуацијата во Шпанија, се уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на Конгресот.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
