Италијанскиот претседател почнува консултации со партиите за излез од политичката криза
Италијанскиот претседател Серџо Матарела ја прифати оставката на премиерот Џузепе Конте и денеска ќе почне консултации со лидерите на партиите за пронаоѓање решение за политичката криза, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Матарела побара од Конте да остане на должност и да се занимава со дневните прашања на Владата додека траат преговорите.
Се очекува Матарела да процени дали постои политичка волја да се формира нова влада, а ако тоа не се случи тогаш тој ќе мора да го распушти парламентот, три и пол години пред истекот на мандатот и да распише предвремени избори.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте вчера поднесе оставка. Тој тоа го соопшти на седница на Парламентот, на која требаше да се гласа недоверба на владата, што пред 12 дена побара министерот за внатрешни работи Матео Салвини. Пред да соопшти дека поднесува оставка, Конте истакна дека одлуката на Салвини ќе има големи последици врз земјата и нејзината економија.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија