Италијанскиот Парламент одржува седница за избор на претседатели на двата дома
Новиот состав на италијанскиот Парламент денеска се собра на првата седница, по изборите на 4 март, на која се очекува да бидат избрани претседатели на Претставничкиот дом и Сенатот.
Седницата на Сенатот ја почна највозрасниот член, 92-годишниот почесен претседател и доживотен сенатор Џорџо Наполитано, кој истакна дека резултатите од изборите се одраз на длабоката промена во ставот на Италијанците кон политичарите.
Ниту една партија или коалиција не беше поддржана од 40 или повеќе проценти од гласачите и не располага со мнозинство. Најсилни се Движењето Пет ѕвезди (М5С) со 32 проценти од гласовите и десноцентристичка коалиција составена од десничарската партија Лигата, конзервативната Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони и националиситчката Италијански браќа на Џорџо Мелони.
Во Долниот дом седницата почна со половина час задоцнување и ја водеше најстариот потпретседател од претходниот состав, реизбраниот пратеник на Демократската партија, Роберто Џакети.
Сенаторите денеска ќе гласаат за избор на претседател на Горниот дом во два круга. Ќе победи кандидатот кој ќе добие апсолутно мнозинство гласови. Со оглед на тоа што ниту една политичка партија нема мнозинство, за избор на претседател ќе бидат потребни компромиси.
Слична е ситуацијата и во Долниот дом каде за да добие поддршка од мнозинството, кандидатот ќе биде номиниран од страна на партиите врз основа на компромисниот договор за претседател.
Ново на Сител
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија
-
Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали
-
Сончево и топло до 28 степени
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје