Италијанскиот новинар од „Ла Верите“ кој објави за „Рекет“: Ова е само почеток
Италијанскиот новинар во „Ла Верите“, Ларис Гајзер, кој денеска ја објави видео снимката од случајот „Рекет“, напиша статус на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, во кој вели дека ова е само прв дел од неговата истражувачка сторија.
Денеска во „ЛаВерита“ само првиот дел од мојата приказна, која докажува колку Европската унија, по поддршката за смена на режимот во Македонија, на начин со ограничување на нејзиниот суверенитет, се залагаше за воспоставување на Специјален Јавен Обивнител (Катица Јанева), која не само што илегално се меша во политиката, туку и ги рекетира луѓето! Мафијашки систем, кој работи директно под контрола на високопоставени политичари! Оние политичари, посакувани од ЕУ и од Сорос. Македонија има голем проблем на својот пат кон ЕУ… и ЕУ исто така! Могерини и ЈункеР се виновни за понижување на цела нација и за отворено поддржување се’ што е против нормалното владеење на правото, право толку гласно претендирано од Брисел! Во следните неколку денови ќе објавиме шокирачки документи кои искрено се надевам дека ќе и помогнат на Македонија да си го најде својот пат кон функционална демократија, се вели во статусот на Гајзер.
Ново на Сител
-
Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ може да ја уништи унгарската економија и да донесе војна
-
Приведен 29-годишник од Грција на Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства
-
НБА: Оклахома поведе со 3-0, втори победи на ЛА Клиперс и Њујорк
-
Стармер: Примирјето во Украина мора да биде прифатливо за сите, Крим не смее да биде дел од отстапките
-
Руте: Алијансата е согласна дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО
-
УКРО: Биолошката терапија пристигна, пациентите ќе бидат информирани кога да ја примат
-
Ковчегот на папата Франциск ќе биде запечатен вечер на литургиски обред
-
Џејсон Кид стана косопственик на Евертон