Италијанскиот министер за правда Андреа Орландо се кандидира за лидер на Демократската партија
Италијанскиот министер за правда Андреа Орландо денеска најави дека ќе му биде ривал на поранешниот премиер Матео Ренци во трката за нов лидер на владеачката Демократска партија, на која и се заканува раскол.
-Одлучив да се кандидирам бидејќи верувам дека Демократската партија мора многу да се промени доколку има намера да биде од вистинска корист за Италија, наведе Орландо на својот налог на Фејсбук. Тој е и поранешен министер за заштита на животната средина.
Покрај Орландо (48), кој му припаѓа на левото крило на оваа централно-левичарска партија, кандидатура за нов претседател на партијата најави и Микел Емилијано, гувернерот на италијанската регија Апулија, наведуваат британските медиуми.
Поранешниот италијански премиер Матео Ренци претходно овој месец поднесе оставка на местото лидер на Демократската партија, настојувајќи да обезбеди нов мандат со засилена поддршка во пресрет на парламентарните избори во земјата.
Ренци во јануари поднесе оставка на местото премиер на Италија откако граѓаните на Италија, на референдум, го отфрлија неговиот предлог за уставни реформи.
Неговите противници, левата фракција, се заканија дека ќе се одделат од партијата.
Ренци ги обвини „бунтовниците“ дека додека бил премиер го напаѓале во секоја прилика, како и дека се обиделе да го уценат да поднесе оставка на местото лидер на партијата, тврдејќи дека е тоа единствениот начин да се спречи расколот во неа.
Ново на Сител
-
М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори''
-
Фатени на камера лицата кои оставаат куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата ги идентификуваше| ВИДЕО
-
Маж гестикулирал и извикувал нацистички поздрави и го навредувал директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Скопје
-
Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија
-
Светските лидери го поздравија договорот меѓу Хамас и Израел
-
Од почетокот на годинава 18.458 санкционирани возачи за возење без возачка дозвола
-
Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана
-
Семејства на израелските заложници го поздравија договорот за нивно враќање