Италијанскиот амбасадор Ромео во посета на Гевгелија
Амбасадорот на Италија, Карло Ромео, денеска со своите соработници го посети ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија, каде од надлежните беше информиран за моментната состојба во бегалскиот камп, а попладнево оствари едночасовна средба и со гевгелискиот градоначалник Иван Франгов.
Амбасадорот Ромео на општинската админитрација и на градоначалникот Франгов им оддаде признание за начинот на кој Гевгелија се справуваше со бегалската криза во најкритичниот нејзин период, а од неговиот домакин детално беше информиран како општина Гевгелија и Република Македонија се справуваа со големиот наплив на мигранти и тешкотиите кои се пребродија на почетокот од кризата, кога ситуацијата со бегалците тешко се ставаше под контрола.
Високиот гостин од Италија покажа интерес за економските и туристичките потенцијали, како и за можноста и поволностите за влез на странски инвеститори, при што градоначалникот Франгов му го претстави целокупниот потенцијал на општина Гевгелија, посочувајќи ги при тоа и позначајните инфраструктурни проекти финансирани од буџетот на општината и од европските фондови.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава