-->
-->
Италијански сенатор лишен од имунитет и уапсен под сомнение за врски со мафијата
-->
Италијанскиот сенатор Антонио Стефано Кариди (47) од малата десноцентристичка парламентарна група е уапсен под сомнение за врски со мафијата.
Италијанскиот Сенат го лиши од имунитет нивниот член, кој ги увери неговите сопартијци дека е невин.
Обвинителството на Реџо де Калабрија сепак го сомничи дека е еден од „невидливите“ во мрежата на високи личности кои се поврзани со калабриската мафија Ндрангета за овозможување на пристап до институциите.
Сенаторот ја напушти зградата на Сенатот и се појави заедно со неговиот адвокат во затворот „Ребибиа“ во Рим.
Ндрангета е позната по контролирањето на дел од меѓународната продажба на кокаин и се смета за најголема криминална организација во Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница