Италијанската полиција заплени два тона марихуана и уапси шестмина Албанци

Водите на Јадранско Море и понатаму остануваат главна рута за нелегална трговија со марихуна од Албанија кон Италија.
Во акција на италијанската полиција во меѓународните води кај Саленто, запленети се два тона марихуана, а во моторниот чамец со кој била транспортирана дрогата пронајдена е и автоматска пушка "калашников".
Уапсени се четворица албански државјани.
Доколку марихуната завршела на нарко пазарот би достигнала вредност од пет милиони евра.
Во друга акција италијанската полиција запленила килограм кокаин и уапсила брачна двојка албански државјани на возраст од 28 години.
Дрогата била откриена при рутинска контрола на сообраќајната полиција во автомобилот со кој патувала брачната двојка. Запленети се и шест илјади евра,во разни апоени.
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
