Италијанската полиција заплени 170 килограми албанска марихуана
Италијанска крајбрежна полициска контрола заплени албански моторен чамец натоварен со 170 килограми марихуана во реонот меѓу градовите Бриндизи и Лече.
Според полициски извори, како што јави дописникот на МИА, чамецот, кој доаѓал од Албанија, бил пронајден во меѓународните води, но лицата кои биле во него го напуштиле и побегнале со друг чамец.
Чамецот прво бил заблежан од германски хеликоптер од европската контролна мисија во Медитеранот, по што веднаш биле известени италијанските власти.
Веднаш била организирана акцијата на италијанската полиција која го запленила чамецот и дрогата, но не успеала да ги пронајде и лицата кои ја шверцувале марихуаната.
По еден подолг период на затишје, ова е поголемо количество албанска марихуна запленета од италијанската полиција.
Во меѓувреме турската полиција уапси две момчиња и две девојки, албански државјани, откако во автобомил марка „Пасат“ со кој тие патувале, открила 20 килограми марихуана. Младите Албанци, како што изјавиле, сакале да поминат повеќедневен одмор во Турција.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје