-->
-->
Италијанската крајбрежна стража од водите на Средоземно Море спаси 500 мигранти
-->
Италијанската крајбрежна стража денеска спаси приближно 500 мигранти крај либискиот брег на Средозменото Море и од вода извади тела на шестмина удавени, пренесоа британските медиуми.
Военопоморските сили соопштија дека ја продолжуваат потрагата по преживеани и евентуални други жртви.
Притисокот во најтешката мигрантска криза во Европа од Втората светска војна сега е паднат врз Италија, каде од почетокот на годината до крајот на август, според податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, пристигнале околу 115. 000 лица.
Смртността по маршрутата од северна Африка кон Италија е зголемена до еден мигрант на секој 42 тргнати да го минат Средоземно Море, во споредба со еден на секој 52 од минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет