-->
-->
Италијаните и Французите ќе играат во Еврокупот
-->
По турските, и италијанските и француските клубови одлучија од наредната сезона повторно да се натпреваруваат во Еврокупот наместо како што тоа беше случај оваа сезона, во Лигата на шампиони на ФИБА.
Тимовите од Франција сезонава играа само во Лигата на шампиони која ја организира ФИБА, но претседателот на Асвел од Вилербан, прославениот кошаркар Тони Паркер, истакнал дека неговата земја мора да има претставници во двете најсилни натпреварувања во Европа, Евролигата и Еврокупот.
„Имаме добри односи со Евролигата и веќе на челниците на францускиот сојуз и на лигата им кажав дека ние од наредната сезона ќе играме во Еврокупот. Имаме таква визија, сакаме да бидеме евролигашки тим во наредните сезони. Се надевам дека за доброто на кошарката ќе биде постигнат договор помеѓу ФИБА и Евролигата“, рекол Паркер.
Италијанските клубови, сезонава играат во ФИБА Лигата на шампиони, исклучок е само Армани Милано кој игра во Евролигата.
Претседателот на италијанската лига Егидио Бјанки рекол дека Италија наредната сезона повторно ќе има еден тим во Евролигата и дека тоа ќе биде Армани Милано, дека два тима ќе играат во Еврокупот, а преку специјалните покани ќе се обидат да изборат уште некое место.
Претходно, и Кошаркарскиот сојуз на Турција, соопшти дека нема да ги условува клубовите кои ќе изберат да играат во двете натпреварувања на УЛЕБ, Евролигата и Еврокупот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат