Италијанците одгледале лук без непријатен мирис
И додека лукот е исклучително здрав поради своите антибактериски, антивирусни и антифунгални особини, неговиот специфичен и силен мирис е причина поради која многу луѓе го избегнуваат.
Земјоделците од Италија, Алесандро Џуани и Лоренцо Бјанчи креирале нов вид на лук, нарекувајќи го „лук за бакнување‟, а кој е специфичен по тоа што има значително послаб непријатен мирис од стандардниот лук.
„Вкусот на овој лук е исклучително лесен и се надеваме дека ќе им се допадне на луѓето. Лукот е дел од многу вкусни јадења, а посебно е познат во италијанската кујна, па се надеваме дека луѓето ќе го прифатат и дека ќе можеме да го пласираме на пазарот‟ - рече Џуани за Гвардијан.
Лукот е полн со сулфурни соединенија кои му даваат карактеристичен мирис и вкус, па поради тоа не е идеален ако планирате блиска средба со некое лице.
И иако лукот е една од омилените намирници без кој не можат да се замислат многу јадења во светот, многу готвачи избегнуваат да го користат во големи колични бидејќи предизвикува лош здив.
Ново на Сител
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија